ВО ДАЛЕЧНОТО СОСЕДСТВО

DISTANT NEIGHBORHOOD
2010
4+
|
1h 38m
Филмот е заснован на класичен цртан на Џир Танигучи. Возрасен човек се буди и сфаќа дека повторно станал тинејџер. Томас е во своите педесетти, оженет, семеен човек, измачен од досадното секојдневие. Враќајќи се од бизнис патување, седнува во погрешен воз и неочекувано завршува во градот во кој пораснал, во кој се немал вратено со години. Заминува на мајчиниот гроб и преплашен од сеќавањата на нејзе и неговиот татко, кој исчезнал на својот роденден пред четириесет години, паѓа во несвест. Кога ќе се пробуди, Томас сфаќа дека мајчиното име на надгробната плоча веќе го нема. Кога ќе сфати дека повторно станал дете, се враќа во куќата на мајка си, својата сестра, кучето, а во училиштето го чекаат старите другари, учителите и девојчињата кои тајно ги сакал. Се е исто само едно не: татко им не ги напуштил. Барем се уште не. Дали задачата на нашиот херој е да го спречи исчезнувањето на својот татко? Може да го промениме минатото, дури и ако се вратиме во него?

ВО ДАЛЕЧНОТО СОСЕДСТВО

2010
4+
|
1h 38m
duration